ПОМЕН
На 28.10.2025 се навршуваат две години без нашиот сакан сопруг, татко и дедо
НИКОЛА ДИМИТРИЈЕВИЌ
28.10.2023-28.10.2025
Секогаш си со нас и нема ден без да те спомнеме.
Почивај во мир.
Сопругата Љубинка, ќерката Наташа со семејството.
СЕЌАВАЊЕ
на нашата најмила мајка и сопруга
МИЛКА ИПША
Поминаа 15 години откако не е со нас, но љубовта, топлината и добрината што ги оставаше во нашите животи остануваат засекогаш.
Твојата насмевка, твоите зборови и твоето присуство
ни недостигаат секој ден.
Со бескрајна љубов те чуваме во нашите срца,
како светол пример на мајчинска нежност и семејна сила.
Секогаш ќе бидеш со нас.
Твоите најмили: Фрањо, Зоран и Мирјана со фамилиите
СЕЌАВАЊЕ
ТИХОМИР ДИМИТРИЕВСКИ
На 24.10 се навршуваат две години без нашиот сакан сопруг, татко и дедо. Засекогаш остануваш во нашите срца, мисли и спомени.
Почивај во мир.
Од семејството Димитриевски
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
ДРАГАН ЈАЊАТОВ
1941-2025
Со длабока тага и болка споделуваме дека нашиот драг татко, дедо и прадедо драган Јањатов (1941-2025) почина на 17-ти Октомври годинава. Погребот се одржа на 19-ти октомври.
Благодарност до сите пријатели и познаници коишто изразија сочуство и упатија зборови на утеха
Од семејството
СЕЌАВАЊЕ
АДАМС ЛУКИЌ
17 октомври 2016 - 17 октомври 2025
Со љубов и почит од семејството
Бети, Звонко, Александра Солтирови
ДЕСЕТ ГОДИШЕН ПОМЕН
На нашиот сакан татко и дедо
ДРАГАН ХАЏИЕВСКИ
Поменот ќе се одржи во недела,
19 октомври, 2025 година
во 12 часот на Градските гробишта Бутел
Засекогаш со нас……….
Ќерките Милица и Лилјана, зетовите Ерик и Виктор и
внуците Катја, Ања и Алек
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
МАКЕДОНКА РИЗАОВА
На мојата повеќедецениска пријателка, ќе ми недостасува твојот дух, оптимизам и насмевка.
Почивај во мир.
Сочувство до семејството Ризаови.
Татјана Лучко Јованович со семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
до мојата најдобра другарка
Д-р. НАДА СКЕРЛЕВ
Ќе ми недостасуваат нашите муабети и дружења.
Жана Бојаџиева
ЖАЛНА ВЕСТ
Не напушти нашата сакана мајка
д-р. НАДА СКЕРЛЕВ
педијатар примариус во пензија
Имаше живот исполнет со многу љубов и почит од сите кои ја знаеја и познаваа.
Ќе се збогуваме со неа во петок, 17 октомври, од 11 до 12 на Градските гробишта Бутел.
Секогаш ќе биде со нас.
Ќерките Жанета и Андриана со Борче и Драган
СЕЌАВАЊЕ
ИЛИЈА ПАВЛОВСКИ (ИЛЕ)
2015-2025
10 години без тебе, а со тебе во нас.
Во секој миг, во секоја прилика, во секој час ја носиме со нас твојата душа, твојата мисла, твојот збор, го слушаме твојот глас.
Остануваш во нашите мисли и спомени засекогаш.
Од семејството
ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ
на мојата сакана сестра
МИЛКА ПЕТРОВСКА
Беше и ќе бидеш гордост за сите нас.
Чест е што беше дел од нашите животи, ќе те сакаме и чуваме во нашите срца.
Беше најдобрата сестра со благодарна и искрена душа.
Твоите доблести на чесност и човекољубие те правеа поинаква, единствена и прекрасна.
Од сестрата, со семејството
ЖАЛНА ВЕСТ
Со неизмерна тага соопштуваме дека на 10.10.2025 почина нашата сакана
МИЛКА ПЕТРОВСКА
род. Ѓорѓинска
Погребот се изврши во недела, 12.10.2025 на Градските гробишта Бутел.
Засекогаш ќе останеш во нашите срца.
Почивај во мир.
Од фамилија Петровски
Последен поздрав
На нашата многу мила и добра
БАБА ДОНЕ
Внуците Аја Ерол, Зара и Зафир
Жална вест
Ги известуваме сите роднини и пријатели дека по долго боледување почина нашата сакана сопруга, мајка и баба
МАКЕДОНКА ТОШЕВА РИЗАОВА
(15.03.1953 - 10.10.2025)
Погребот ќе се одржи во понеделник на 13.10.2025 г. на Градските гробишта Бутел од 11:00 часот.
Од ужаленото смество
СЕЌАВАЊЕ
На 13.10.2025 год. навршуваат четири години без нашиот сакан
М-р. СТЕВАН ОГНЕНОВСКИ
Секогаш си со нас, во нашите срца, мисли, постапки, спомени.
Бескрајно те љубиме.
Почивај во мир.
Сопругата Маргарита со семејството
НЕЗАБОРАВ
ВАСКО ДАМЈАНСКИ
Педесет години без мојот брат
Љупка
СЕЌАВАЊЕ
ЗОРИЦА ПЕТРОВСКА
(2013-2025)
Остануваш во нашите мисли и спомени засекогаш.
Од семејството
ПЕТГОДИШЕН ПОМЕН
Во спомен на нашиот татко
ГЕНЕ СТОЈКОСКИ
Поминаа 5 години без тебе, но празнината што ја остави никогаш нема да се пополни.
Твојата љубов, пожртвуваност и сила ни се водилка секој ден.
Благодарни сме за се што направи за нас, за секој совет, секоја жртва и секоја топла насмевка.
Твојата добрина живее во нас.
Со неизмерна љубов и почит, твоето семејство